Каролина Гочева заслужено доби гласен аплауз за фантастичната изведба на песната „Кој да ми запее“ во шоуто на Иван Ивановиќ.
Гочева на емотивен начин го изведе својот хит, а покрај аплаузите во студиото, доби и редица пофалби на социјалните мрежи. Гостувањето на популарната македонска пејачка во емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“ беше емитувано на српската телевизија „Прва“, а според мерењата, него го следеле околу 1.000.000 гледачи.
Песната „Кој да ми запее“ е дел од албумот на Каролина „Македонско девојче 2“.