Тејлор Свифт влегува во светот на фантазиите во новата реклама за нејзиниот парфем „Wonderstruck“.
Во промотивното видео 21-годишната пејачка изгледа како во бајка, облечена во екстравагантна тоалета на Кристијан Сириано. Во рекламата се појавува и нејзиниот принц, додека во позадина се слуша мелодија од песната Enchanted.
Тејлор претходно имаше споделено дека Enchanted била инспирација за создавањето на новата арома.
„Текстот I'm wonderstruck, blushing all the way home, го напишав за моментот кога првиот пат ќе запознаете некого. Парфемот може да ви помогне да го оформите првиот впечаток што го оставате кај некого и сеќавањето на вас. Возбудливо е кога ќе си помислам дека Wonderstruck ќе има улога во создавањето на тие спомени“ – објаснила Свифт.