Бијонсе воодушеви на полувремето на Super Bowl со фантастичен настап. 31-годишната ѕвезда ја крена публиката на нозе со некои од најголемите хитови како „Love on Top“, „Crazy in Love“, „End of Time“ и „Baby Boy“.
Како што и се шушкаше подолго време, на огромна радост на сите обожаватели на Destiny's Child, на сцената на Бијонсе ѝ се придружија и Мишел Вилијамс и Кели Роланд.
Откако Кели и Мишел ја напуштија сцената, Бијонсе продолжи со изведба на баладата „Halo“. Погледнете го енергичното шоу: