Келвин Клајн оваа година за првпат ќе се рекламира на Super Bowl и тоа со жежок рекламен спот во кој ѕвезда е моделот Метју Тери.
20-годишниот Американец ги покажува своите дефинирани мускули во реклама за машка долна облека од линијата Calvin Klein Concept.
Рекламата изградена околу креативата „човек vs. машина“ веќе мами женски воздишки, иако не е објавена во целост.
Погледнете го тизерот за рекламата:
Super Bowl е најгледаниот телевизиски настан во САД и за 30 секунди рекламен простор компаниите плаќаат по 3,8 милиони долари.