За време на полувремето на Super Bowl, на сцената кон која беа вперени милиони погледи енергично настапија Coldplay, Бијонсе и Бруно Марс.
Британскиот бенд го започна шоуто со хитот „Viva la Vida“, а продолжи со „Paradise“ и „Adventure of a Lifetime“.
Бруно Марс ја вжешти атмосферата со „Uptown Funk!“ пред да се појави и Бијонсе која настапи со новата песна „Formation“.
Музичкото шоу го завршија Coldplay со „Clocks“ и „Up & Up“ додека беше емитувана монтажа од снимки од славни музичари кои во минатото настапувале на Super Bowl.