Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Селин Дион со солзи за првпат на сцената по смртта на сопругот пееше во негова чест

ВИДЕО: Селин Дион со солзи за првпат на сцената по смртта на сопругот пееше во негова чест

Селин Дион го одржа првиот концерт по смртта на нејзиниот сопруг Рене Анжелил и не можеше да си ги задржи солзите. Во чест на својот сакан, познатата пејачка организираше шоу во Лас Вегас, кое беше пренесувано во живо на нејзиниот сајт.

Пред Селин да се појави на сцената, на екран беше испишана нејзина порака, по која течеа снимки од животот на Рене. 47-годишната музичка ѕвезда полна со емоции прво ја изведе „With One More Look At You“.

„Разбрав дека мојата кариера беше на некој начин негово ремек-дело, негова песна, негова симфонија. Идејата да ја остави незавршена ужасно ќе го повредеше. Сфатив дека ако тој некогаш нè напушти, јас морам да продолжам без него, за него“ – пишува на почетокот од видеото.

Видео

Celine Dion - With One More Look At You (Opening Show 23/2/201...

New Video!Celine Dion - With One More Look At You (Live Opening Show 23/2/2016)

Posted by Celine Dion Fans on среда, 24 февруари 2016

„Рене беше мојот најдобар критичар. Тој никогаш не ми го кажуваше она што сакав да го слушнам, туку она што требаше да го слушнам. Имаше нешта кои мораше да ми ги каже за мојот личен напредок. Тој секогаш правеше да се чувствувам како на првиот состанок, не е ли тоа неверојатно? Никогаш не зборуваше директно и секогаш се изразуваше на најнежен и најмек начин. Ние бевме едно и ништо не се променило. Ние засекогаш ќе бидеме едно. Можеби повеќе нема да го слушам неговиот глас, но зборувам со него и мислам на него постојано. Чувствувам и знам дека тој ме слуша на еден или на друг начин“ – беа дел од зборовите на Дион, по што следуваше нејзината изведба на „Where Does My Heart Beat Now“.

Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион

Рене почина на 14 јануари оваа година, по долгогодишна битка со рак на грлото.

Селин Дион

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20827 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.