Македонската публика нетрпеливо чека да дознае кога е премиерата на „До балчак“. Новиот македонски филм „To the Hilt - Story from the Wild East“ (До балчак - Приказна од дивиот исток) го доби својот официјален трејлер и го поттикна љубопитството на јавноста.
Станува збор за сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е погледната од агол на илузијата и релативноста за слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањето, измамата и предавството. Зад приказната како режисер стои Столе Попов, а сценарист е Горан Стефановски.
Снимањето на филмот започна во мај 2012 година, а екипата снимаше сцени на различни локации во Битола, Охрид, Скопје, Демир Хисар, Штип и Прилеп.