Елена Ристеска со секси изведба победи во петтата епизода на шоуто „Твоето лице звучи познато“. Македонската пејачка ја имитираше Џенифер Лопез и настапи со песната „Booty“.
Во стилот на Џеј Ло, Елена заводливо танцуваше со задникот. Освен многу комплименти, 28-годишната пејачка доби и многу поени. Гласовите на жирито и на натпреварувачите ѝ ја донесоа првата победа.
Освоените 1.000 евра Елена ги донира во Домот за деца без родители „11 октомври“.