Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 20 години по победата на „М2“: Елена Ристеска се потсети на почетоците од кариерата

20 години по победата на „М2“: Елена Ристеска се потсети на почетоците од кариерата

Поминаа 20 години од првите аудиции на шоуто „М2 потрага по ѕвезда“.

За да ја одбележи годишнината од победата во македонското музичко шоу, Елена Ристеска сподели фотографии и видеа, но и напиша долга објава во која им се заблагодари на организаторите и на семејството. Благодарение на учеството во „М2“, 36-годишната Македонка започна да гради успешна музичка кариера.

Од 2.000 кандидати, Елена победи во шоуто со нејзината прва песна „Она другото“.

Во 2006 година, таа ја претставуваше нашата земја на „Евровизија“.

За учеството во шоуто и моментите кои следуваа, Елена напиша:

На овој ден, 22.12.2002 год. или точно 20 години откако „девојчето со чорапчињата” победи на аудицијата „М2 Потрага по ѕвезда” на М2 продукција, основана од Иво Јанкоски и Дарко Димитров, на кои и ден денес сум им благодарна за шансата која ми ја дадоа да започнам своја музичка кариера и да може публиката да ме чуе и запознае.

Од 2000 кандидати успеав да влезам во 100-те финалисти пеејќи песна од мојата драга другарка Каролина Гочева од која исечок можете да слушнете на следна страна. Потоа, бев една од 10-те финалисти на финалето на М2, каде сите пеевме своја песна и каде победив со мојата прва песна „Она другото”(второто видео).

Токму од тој момент мојот живот од анонимен стана јавен и целосно се промени. Започнаа да се редат песни, спотови, албуми, концерти, насловни страни, интервјуа, ТВ и радио гостувања, настапи низ цела држава и пошироко, фестивали, Евровизија во 2006 година, турнеи низ светот итн. И најдрагото нешто од сето тоа ми е што стекнав свои обожаватели, кои и ден-денес се тука за мене. А благодарение на Бог, кој ми го дал гласот ,јас 20години за нив пеам и постојам.

Паметам и ден-денес дека моите не знаеја дека сум пријавена на некаква аудиција, единствено сестра ми Драгица Ристеска која ми е и ден денес најголема поддршка. Кога дознаа дека сум влегла во 100-те полуфиналисти татко ми ми рече: „Елена тој свет е подмолен и сè е наместено, немој да се разочараш”. Јас му одговорив: „Тато, само сакам да си докажам на себе си дека можам, не ми е важно ништо повеќе“.

Кога победив, моето семејство беше шокирано, а нивното „малецко” успеа да докаже дека може. Низ сите овие години, покрај сестра ми и татко ми кој ме поддржува од „таму некаде” мојата најдрага мајка Деса го посвети својот живот да ми помага во животот и кариерата, без која немаше да постигнам ништо. Внука ми Делфи е мојот нов фан и се надевам дека ќе ме наследи еден ден.

И после 20години, јас сум истата Елена, иако многу нешта се променија. Иста е мојата љубов кон ВАС и кон музиката. ВЕ САКАМ.

Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20841 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.