Елена Ристеска и Панчо од ДНК го објавија спотот за дуетот „Како да се радувам“. Видеозаписот се снимаше во казиното „Фламинго“ во Гевгелија.
Песната е дел од новиот албум на Елена, насловен како „Без шминка“.
„Песната „Како да се радувам“ е една од новите песни која се наоѓа на мојот последен албум и по неговата промоција, веќе ми беше јасно дека мора да се снимиме спот за неа. Се надевам дека публиката ќе ужива, а впрочем ова е и мој подарок по повод Денот на жената 8-ми март“ – вели Елена.
И Панчо не го криеше задоволството од соработката со популарната македонска пејачка. „Со Елена многупати сме разговарале за соработка и конечно се случи. Јас уживав во снимањето на песната, а исто така и додека го снимавме спотот. Нека биде исто така оваа песна и спот подарок од мене за сите припаднички на понежниот пол“ – изјави Панчо.
За спотот да изгледа така како што изгледа заслужни се и Даниел Николовски, Мила Кадриу и „Фешн Груп“.