Седум од главните актери во серијата „Беверли Хилс“ се враќаат на телевизиските екрани за продолжението насловено „БХ90210“.
Бренда (Шенон Доерти), Кели (Џени Гарт), Дона (Тори Спелинг), Брендон (Џејсон Присли), Стив (Иан Зеринг), Дејвид (Брајан Остин Грин) и Андреа (Габриел Картерис) танцуваат во новата најавна шпица објавена непосредно пред премиерата на првата епизода.
Во шесте нови епизоди, ѕвездите од 90-тите ќе се глумат себеси во променета реалност, инспирирана од нивните животи и врски, во период кога се обединуваат за снимање на продолжение на „Беверли Хилс, 90210“.
Видео во кое актерите го коментираат продолжението:
Во екипата недостига само Лук Пери (Дилан), кој ненадејно почина во март годинава.