„Бандата се врати дома.“
Fox го објави првото видео за продолжението на популарната серија „Беверли Хилс, 90210“, кое ќе биде насловено „BH90210“.
Бренда (Шенон Доерти), Кели (Џени Гарт), Дона (Тори Спелинг), Брендон (Џејсон Присли), Стив (Иан Зеринг), Дејвид (Брајан Остин Грин) и Андреа (Габриел Картерис) се обединија за новите епизоди кои ќе започнат да се емитуваат во август.
Видео
Славните актери присуствуваа и на промотивен настан на Fox во Њујорк.