Лејди Гага обожава да шокира со изгледот, но и со постапките. Контроверзната пејачка на концерт во Амстердам пушела марихуана на сцената и ѝ зборувала на публиката за нејзината страст кон дрогата.
„Сакам да знаете дека тоа (марихуаната) целосно ми го промени животот и навистина го намалив пиењето алкохол. Тоа беше спиритуално искуство за мене со мојата музика“ – рекла таа на сцената.
Лејди Гага никогаш не криела дека е обожавателка на марихуаната. Сепак, таа има објаснето дека долго време стои подалеку од тешките дроги.
Во видеото може да се види како Гага неколку пати вдишува од цигарата, а потоа ја фрла во публиката, објаснувајќи дека тоа не е ни приближно доволно за таа да се „надува“.