Лејди Гага приреди спектакуларно шоу на полувремето на овогодишниот Super Bowl одржан во Хјустон, Тексас. Повеќе од 100 милиони Американци го следеа настапот на 30-годишната пејачка, кој дефинитивно долго ќе се памети.
На почетокот од видеото, Гага започнува да пее на покривот од стадионот додека зад неа 300 дрона го формираат американското знаме на небото. Потоа, таа скока од покривот и „паѓа“ на сцената за да ја разигра многубројната публика со изведба на „Poker Face“, „Born This Way“, „Telephone“ и „Just Dance“, по што следува и смирена изведба на „Million Reasons“.
Славната музичка ѕвезда го заврши шоуто со својот познат хит „Bad Romance“.
На социјалните мрежи, Лејди Гага доби многу комплименти за приреденото шоу.
Финалниот меч на Super Bowl се играше меѓу Њу Ингланд Патриотс и Атланта Фалконс, а во него триумфираше екипата на Њу Ингланд Патриотс.