Лејди Гага се вклучи во проект на српската уметница Марина Абрамовиќ, позната по своите неконвенционални перформанси.
Во видеото кое има цел да го помогне финансирањето на Институтот Марина Абрамовиќ, Лејди Гага се појавува целосно гола во природа и прегрнува кристал, односно практикува „серија од вежби дизајнирани да ја подигнат свеста на учесниците за нивното физичко и ментално доживување во моментот“.
Марина и Лејди Гага соработуваат за најновиот албум на ексцентричната пејачка, „ARTPOP“.