Ен Хетавеј стана мајка. 33-годишната актерка и нејзиниот сопруг Адам Шулман му посакаа добредојде на синчето Џонатан Роузбенкс Шулман.
Џонатан е прво дете на славниот пар.
Веста ја потврдил извор близок на парот. Хетавеј се породила на 24 март во Лос Анџелес. „Бебето е во одлична здравствена состојба и е опкружено од пријателите и семејството во Лос Анџелес. Ен и Адам се пресреќни што станаа родители“ – изјавил изворот.
По четиригодишна врска, талентираната оскаровка и 35-годишниот актер стапија во брак во септември 2012 година.