Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Били Ејлиш триумфираше: Кој ги освои главните награди на Греми?

Били Ејлиш триумфираше: Кој ги освои главните награди на Греми?

Во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес синоќа се одржа 62-рото издание на Греми. На свеченоста беа наградени музичките ѕвезди кои се истакнаа во годината која измина.

Били Ејлиш триумфираше, освојувајќи ги четирите најглавни награди. 18-годишната пејачка е најмладата музичарка и единствената која досега во иста година ги има освоено статуетките во сите категории: Најдобар нов изведувач, Песна на годината, Запис на годината и Албум на годината.

Ејлиш се закити и со статуетка за Најдобар поп вокален албум за „When We All Fall Asleep, Where Do We Go“.

Добитници на Греми 2020

Братот на Били, Финеас О’Конел, беше избран за Продуцент на годината, а заедно добија и уште четири награди.

Добитници на Греми 2020

На Лизо ѝ беа врачени три награди - Најдобра поп соло изведба за „Truth Hurts“, Најдобар урбан албум за „Cuz I Love You“, Најдобра традиционална Р&Б изведба за „Jerome“.

Добитници на Греми 2020 Добитници на Греми 2020

Наградата за Најдобар рок албум заврши кај Cage The Elephant за „Social Cues“, додека за Најдобар денс/електро албум беше избран „No Geography“ на The Chemical Brothers.

Кантри пејачката Тања Такер на 61 година за првпат во својата кариера доби Греми награди. Таа ги освои статуетките за Најдобар кантри албум за „While I’m Livin“, како и за Најдобра кантри песна за „Bring My Flowers Now“.

Добитници на Греми 2020

За Најдобар музички спот беше прогласен видеозаписот за хитот „Old Town Road“.

Добитници на Греми 2020

За Најдобар рап албум беше избран албумот „Igor“ на раперот Тајлер познат под сценското име „The Creator".

Добитници на Греми 2020

Целосната листа на номинирани и добитници на Греми можете да ја погледнете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20816 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.