Анџелина Џоли растревожена зборуваше пред новинарите во кампот „Затари“ во близина на границата помеѓу Јордан и Сирија.

Познатата актерка и специјален пратеник на УНХЦР ги посети бегалците од Сирија и ги слушна нивните трогателни приказни. „Ова беше многу тешко искуство, затоа што иако често доаѓаш во овие кампови, многу ретко се запознаваш со нив (бегалците) кога ќе ја преминат границата и во моментот кога ќе станат бегалци. Моментот кога ќе го загубат својот дом засекогаш, својата прехрана, своето образование, сè што имале е изгубено. И кога ќе ги запрашам што донесовте, тие велат, оваа маица на грбот“ – изјавила Џоли пред новинарите.
Малите деца вмешани во конфликтот ѝ раскажале трогателни стории за она што се случува на улиците низ Сирија. „Делови од тела растргнати и изгорени луѓе растргнати како пилиња“ – тоа ѝ го кажало на Џоли 9-годишно девојче.

Џоли испрати порака до политичарите што побрзо да пронајдат решение за невините луѓе кои секојдневно умираат во Сирија. „Кога запознаваш толку многу невини луѓе и граѓани, луѓето прашуваат кој е на нивна страна, кој ќе им помогне додека месеците минуваат. За сите политичари, а ние не сме од нив, се надеваме и молиме дека ќе пронајдат некое решение, затоа што луѓето умираат, стотици, стотици луѓе умираат секој ден“ – рекла Анџелина.