Брус Вилис беше опкружен со љубов на 68-миот роденден. Целото негово семејство му ја пееше песната „Happy Birthday“, а неговата поранешна сопруга Деми Мур објави видео од овој момент.
Во него, Деми и неговата сегашна сопруга Ема пеат заедно со неговите пет ќерки.
Славниот актер е исполнет со емоции на крајот од изненадувањето.
Откако на Брус му беше дијагностицирана деменција, неговото семејство е посложно и пообединето отсекогаш.
Деми и Ема негуваат одлични пријателски односи, уверувајќи се дека сите пет ќерки на актерот ќе растат како сложни сестри.
Брус ги има ќерките Румер, Талула и Скаут од бракот со Деми, додека со Ема ги има ќеркичките Евелин и Мејбел.



Ема сподели видео од моменти со Брус низ годините и роденденот му го честиташе со порака.
„Тој е чиста љубов. Многу е сакан. Ќе го сакам секогаш. Среќен роденден сладок мој“ – напиша таа и додаде: „Мојата роденденска желба за Брус е да продолжите да го споменувате во вашите молитви, бидејќи неговата чувствителна душа ќе го почувствува тоа. Ви благодарам што го сакате и што се грижите за него.“




И неговите поголеми ќерки споделија емотивни постови за овој специјален ден.






