Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Брус Вилис доби четврта ќерка

Брус Вилис доби четврта ќерка

Брус Вилис повторно стана татко на девојче. Странските медиуми известуваат дека 57-годишниот актер е пресреќен поради раѓањето на неговата четврта ќерка.

Втората сопруга на Брус, Ема Хеминг, се породила вчера на Денот на шегата. „И мајката и бебето се здрави и напредуваат одлично“ – изјавил претставник на среќниот пар. Малото девојче го добило името Мејбел Реј Вилис.

Брус и ЕмаБрус и Ема

Во неколку наврати Брус отворено зборуваше колку многу го усреќила 33-годишната манекенка. „Би сакал да имам уште илјада деца или уште нула деца. Не е важно. Ема прави да се чувствувам одлично. Пред да ја запознам Ема бев голем песимист дека ќе ја пронајдам таа специјална жена со која би го поминал остатокот од животот“ – изјавил тој.

Брус Вилис има три ќерки со Деми Мур – Румер (23), Скаут (20) и Талула (17). Познатиот актер стапи во брак со Ема во 2009 година, девет години по разводот со Деми.

Ема, Брус, Талула и ДемиЕма, Брус, Талула и Деми

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19718 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.