Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Брус Вилис наполни 66 години: Сопругата Ема и бившата Деми Мур му го честитаа роденденот на Instagram

Брус Вилис наполни 66 години: Сопругата Ема и бившата Деми Мур му го честитаа роденденот на Instagram

Брус Вилис доби бројни пораки за неговиот 66-ти роденден, вклучително и од сегашната и поранешната сопруга.

Неговата сакана Ема Хеминг сподели слатка фотографија на која тој ја бакнува на носот и напиша слатка порака.

„Среќен роденден на најголемата љубов во мојот живот. Овој маж влезе во мојот живот и секој ден го врти мојот живот наопаку – истоштувачко е. Тој е најневеројатниот човек кој го познавам и секој ден им се заблагодарувам на моите среќни ѕвезди за него. Знам дека не постојат поголеми фанови од оние на Б.В., па испратете му ги вашите позитивни роденденски желби. Неговата чувствителна душа на Риби ќе го обожава тоа“ – стои во описот на фотографијата.

Брус и Ема имаат две ќерки. Тие започнаа да се состануваат во 2004 година, а во 2009 стапија во брак. Вчера, парот ја прослави 12-годишнина од бракот.

Брус Вилис Брус Вилис

И поранешната сопруга на Брус, Деми Мур, не пропушти да го одбележи неговиот роденден. Таа сподели фотографија на која тие позираат со трите заеднички ќерки и нивните партнери.

„Среќен роденден, Б.В. Ти си еден и единствен! Благодарна сум што ги споделувам со тебе овие три прекрасни девојки и благодарана сум за нашите мешани семејства“ – напиша 58-годишната актерка.

Брус беше во брак со Деми од 1987 до 2000 година.

Брус Вилис Брус Вилис Брус Вилис Брус Вилис Брус Вилис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20955 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.