Иако нивниот брак заврши пред две децении, Деми Мур и Брус Вилис негуваат цврсто пријателство за доброто на нивните три ќерки.
57-годишната актерка и 65-годишниот актер и во изолација најдоа начин да се забавуваат со ќерките Талула, Скаут и Румер, како и со нивните партнери. Сите тие се облекоа во складни пижами и заедно позираа за фотографиите кои ги објави Талула.
Минатиот месец, Деми сподели фотографија од младоста за да му го честита роденденот на Брус. „Ти благодарам за трите најголеми подароци во мојот живот“ – напиша таа.
Деми и Брус стапија во брак во 1987 година, а се разведоа во 2000 година.