Остануваат уште два дена до овогодишното издание на детската Евровизија.
На официјалниот профил на музичкиот натпревар беше објавено видео од генералната проба на нашата претставничка Тамара Грујеска на големата сцена во Ница.
Слушнете дел од нејзината изведба на песната „Кажи ми, кажи ми кој“ со која ќе нè претставува в недела.
Од денес во 20 часот, ќе можете да гласате за нашата талентирана претставничка на следниот линк: https://vote.junioreurovision.tv/
Јуниорската Евровизија ќе се одржи оваа недела (26 ноември) со почеток од 16 часот.