Марјана Станојковска блесна во две атрактивни изданија на овогодишното издание на Макфест.
На манифестацијата во Штип, згодната водителка носеше црвена гламурозна креација со еден ракав и бел фустан со впечатливи сребрени детали.
Русокосата Македонка изгледаше одлично и доби коментари дека потсетува на холивудска ѕвезда.
Покрај Марјана, водител на Фестивалот беше и Димитар Атанасовски.
Во домот на културата „Ацо Шопов“ беа претставени 26 песни на наши изведувачи, по 13 на секоја фестивалска вечер. Макфест и оваа година има ревијален карактер, без гласање и без доделување на награди за освоено место.