Марјана Станојковска веќе подолг период соработува со Сара Фешн, па сосем очекувано таа ја водеше синоќешната модна ревија на познатиот бренд.
33-годишната водителка за момент влезе во улога на Мерилин Монро и ја изведе песната „Diamonds Are a Girl's Best Friend“, која е позната по култниот филм „Gentlemen Prefer Blondes“.
Марјана комплетно го „копираше“ стилот на филмската дива и ја изведе кореографијата со помош на неколку танчари.
Потсетете се на изведбата на Мерилин:
Зад сцената, Станојковска позираше со Јана Бурческа, која настапи на сцената.