Антониа Гиговска триумфираше на „Макфест 2018“. 17-годишната македонска пејачка со „Никогаш не вели никогаш“ победи на 33. издание на фестивалот на забавни мелодии.
Погледнете го нејзиниот настап на финалето:
Антониа оваа песна ѝ ја посвети на мајка си, бидејќи финалето се одржа токму на нејзиниот роденден. „Оваа победа ја посветив на мојата мајка. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МАМО“ – напиша Гиговска на Instagram.
„Никогаш не вели никогаш“ е дело на Магдалена и Лазар Цветковски.