Анџелина Џоли е ѕвезда во рекламно видео за новиот парфем „Mon Guerlain“. Холивудската ѕвезда изгледа шармантно, а истовремено и заводливо, во видеозаписот режиран од Теренс Малик.
Во позадина во видеото се слуша песната „Awakening“ од Енди Квин.
Пред еден месец беше откриено дека 41-годишната актерка потпиша договор со францускиот бренд Guerlain и дека целата заработка од ангажманот ќе ја донира за хуманитарни цели.
Од брендот велат дека новиот парфем е инспириран од Џоли и е посветен на силната, слободна и сензуална жена на денешницата.




