Анџелина Џоли ја почести ќерката Шајло за нејзиниот 11. роденден со забава во Дизниленд.

Холивудската ѕвезда беше фотографирана во забавниот парк заедно со Шајло, Захара и близнаците Вивиен и Нокс. Со нив беа и нивни пријатели од Камбоџа.




41-годишната актерка подолг период го снимаше новиот филм „First They Killed My Father“ во Камбоџа, родното место на нејзиниот син Медокс.
За време на снимањето, нејзините деца стекнале многу пријателства. „Моите деца имаат многу блиски односи со децата тука, многу од нив им се најдобри пријатели“ - изјави Џоли пред неколку месеци.














Видео
По забавата во Дизниленд, големото друштво беше фотографирано и за време на посетата на музејот „La Brea Tar Pits“.



