Во паузите помеѓу работните ангажмани, Анџелина Џоли им е посветена на децата.
Џоли вчера се најде во фокусот на папараците додека се упатуваше на ручек во ресторан заедно со 10-годишните близнаци Вивиен и Нокс и 14-годишната Захара.





Претходно таа беше видена и со 12-годишната ќерка Шајло по посета на продавница за миленици.


Заедно со малите деца, Џоли посети и спортски центар.



Анџелина и Бред Пит сè уште ги финализираат деталите околу разводот, а поточно околу старателството. Иако таблоидите активно известуваат за наводна романса на Пит со Шарлиз Терон, поугледните медиуми преку свои извори дознаваат дека нема вистина во тие гласини.
