Златната двојка на Холивуд се разделува. Според американските медиуми, Анџелина Џоли вчера понесе документи за развод од Бред Пит.
Цитирајќи ги судските документи, TMZ објави дека Џоли побарала старателство над шесте деца – Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Вивиен и Нокс.
Како причини за разводот се наведуваат конфликти околу децата, злоупотреба на супстанции и проблеми со контролата на бесот. Наводно, Џоли ја донела одлуката заради односот на Бред кон децата.
52-годишниот актер и 41-годишната актерка се во врска повеќе од една деценија. Тие се зближија за време на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“. Својата љубов ја крунисаа со венчавка во Франција на 23 август 2014 година.
Последен пат парот беше фотографиран заедно на 12 јули.
Ова беше втор брак за Пит кој пред врската со Џоли се разведе од Џенифер Анистон, додека Џоли зад себе има две неуспешни брачни врски со Били Боб Торнтон и Џони Ли Милер.