Анџелина Џоли вчера уште еднаш покажа зошто секогаш се вбројува меѓу најубавите жени на светот. Нејзиното присуство никогаш не останува незабележано, особено ако изгледа како што изгледаше на руската премиера на нејзиниот најнов филм Salt.
Триесет и пет годишната актерка ја замени својата омилена црна облека со заносно убав црвен фустан на Версаче и грациозно ги освои погледите на толпата обожаватели и фотографи кои вчера се собраа да ја поздрават пред премиерата на Salt.
Во новиот филм, Анџелина Џоли влегува во улогата на агент на ЦИА, обвинета е дека е шпион на КГБ и тргнува во бегство обидувајќи се да докаже дека е невина.