Скарлет Јохансон моментално е најплатената актерка во Холивуд според најновата листа на списанието Forbes. Благодарение на улогата на Црна Вдовица во Avengers, 33-годишната ѕвезда се искачи на тронот.
На второто место е Анџелина Џоли, чија заработка во главно се должи на продолжението на Maleficent.
Џенифер Анистон ја зазеде третата позиција со приходите од рекламни кампањи за компаниите Emirates airlines, Smartwater и Aveeno. Заработката на Анистон следната година значително ќе се зголеми, бидејќи за новата серија која ќе ја снима со Рис Витерспун се очекува да добива по 1,25 милиони по епизода.
Рангирањето е направено врз база на заработката на актерките во периодот од 1 јуни 2017 до 1 јуни 2018.
Скарлет Јохансон
40,5 милиони долари
Анџелина Џоли
28 милиони долари
Џенифер Анистон
19,5 милиони долари
Џенифер Лоренс
18 милиони долари
Рис Витерспун
16,5 милиони долари
Мила Кунис
16 милиони долари
Џулија Робертс
13 милиони долари
Кејт Бланшет
12,5 милиони долари
Мелиса Мекарти
12 милиони долари
Гал Гадот
10 милиони долари