Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Најплатени актерки во Холивуд и нивната заработка

Најплатени актерки во Холивуд и нивната заработка

Жените во Холивуд сè уште заработуваат многу помалку од мажите. Десетте најплатени актерки во изминативе 12 месеца заработиле 200 милиони долари, додека најплатените актери вкупно присвоиле 361 милион долари.

Иако традиционално поискусните актерки можат да си побараат и поголема плата, сепак на новата листа на Форбс најплатената актерка е и најмладата. Кристен Стјуарт ги надмина Камерон Дијаз, Сандра Булок и Анџелина Џоли и се смести на врвот.

Благодарение на филмскиот хит „Twilight“ и во мала мера на новиот „Snow White and the Huntsman“, младата актерка во изминативе година дена се збогатила со 34,5 милиони долари.

Погледнете кои се најплатените актерки во филмската индустрија:

Кристен СтјуартКамерон ДијазСандра БулокАнџелина ЏолиШарлиз ТеронЏулија РобертсСара Џесика ПаркерМерил СтрипКристен ВигЏенифер Анистон

1. Кристен Стјуарт

Заработка: 34,5 милиони долари

Најголем дел од нејзината заработка доаѓа од „Twilight“. За секој „Twilight“ филм 22-годишната ѕвезда заработила по 12,5 милиони долари, плус дел од профитот.

2. Камерон Дијаз

Заработка: 34 милиони долари

Филмот „Bad Teacher“ беше неочекуван хит. Иако беше направен со буџет од 20 милиони долари, тој заработи 216. Камерон доби голем дел од заработката и за малку не успеа да ја заземе челната позиција на листата.

3. Сандра Булок

Заработка: 25 милиони долари

Сандра Булок е една од најбараните и најдобро платени актерки во Холивуд. И покрај тоа што нејзиниот последен филм „Extremely Loud & Incredibly Close“ не стана хит, таа оствари голема заработка. Во изминатава година Сандра често правеше пауза за да може да му се посвети на посвоеното синче.

4. Анџелина Џоли

Заработка: 20 милиони долари

Џоли иако не снима филмски хитови, таа и понатаму заработува многу добро поради големата популарност. Во изминатава година таа стана заштитно лице на Луј Витон, а освен тоа се појави на 78 насловни страни на списанија.

5. Шарлиз Терон

Заработка: 18 милиони долари

Шарлиз Терон не беше многу активна во изминативе години, но сега направи два атрактивни филма кои привлекоа големо внимание – „Snow White and the Huntsman“ и „Prometheus“. Освен тоа, Терон е и заштитно лице на Диор.

6. Џулија Робертс

Заработка: 16 милиони долари

7. Сара Џесика Паркер

Заработка: 15 милиони долари

8. Мерил Стрип

Заработка: 12 милиони долари

9. Кристен Виг

Заработка: 12 милиони долари

10. Џенифер Анистон

Заработка: 11 милиони долари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.