Анџелина Џоли се дистанцира од проблемите поврзани со разводот од Бред Пит и продолжува да се фокусира на хуманитарните активности, посветено извршувајќи ја својата улога на амбасадор на канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).
41-годишната актерка одржа говор во седиштето на ОН во Женева на настан организиран од Фондацијата Сержио Виера ди Мелу, именувана по дипломат на Обединетите Нации кој беше убиен во бомбардирање во Багдад, Ирак, во 2003 година.
Во својот говор, инспиративната Оскаровка го осудува зголемениот бран на национализам, кој се крие под маската на патриотизмот, и ги поттикнува луѓето да се залагаат за одржување на интернационализмот и подавање рака на луѓето низ светот на кои им е потребна помош.


„Како граѓанин, гледам на глобалното опкружување кои ми изгледа попроблематично и понестабилно одошто кога било претходно додека сум жива. Претпоставувам дека многу од вас го чувствуваат истото. Ние сега се бориме со такво ниво на конфликти и несигурност, што ја надминува нашата волја и способности: со повеќе бегалци од кога и да било претходно и нови војни кои еруптираат на врвот на постоечките конфликти, од кои некои траат со децении“ – вели Џоли во својот говор.

Холивудската ѕвезда носеше фустан во мастило боја од Ролан Муре.




