Трето дете доаѓа во семејството на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер. Убавата вест за бременоста ја соопшти поранешната тенисерка на Instagram.
Ивановиќ објави фотографија на која со Бастијан го галат нејзиното трудничко стомаче, по што следуваше бран честитки во коментарите.
Ана и Бастијан стапија во брак во 2016 година. Нивното прво дете Лука се роди во 2018 година, а второто синче Леон дојде на овој свет во 2019 година.