Семејството на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер порасна за уште еден член. Славниот спортски пар го доби третото дете.
35-годишната поранешна тенисерка и 38-годишниот поранешен фудбалер со слатко видео ја открија убавата вест. Во него, Бастијан, Ана и нивните поголеми синчиња Лука и Леон го откриваат малото раче на новороденото бебенце.
Ана и Бастијан стапија во брак во 2016 година. Нивното прво дете Лука се роди во 2018 година, а второто синче Леон дојде на овој свет во 2019 година.
Сè уште не е откриен полот на третото дете.