Адријана Лима е ангелот со најдолг стаж во Victoria’s Secret, но за жал, таа синоќа се збогуваше со ангелските крилја.
37-годишнот модел официјално потврди дека ја прекинува соработката со брендот за долна облека. Иако во текот на целата ревија беше во одлично расположение, Лима не можеше да ги задржи солзите кога за последен пат дефилираше на модната писта.
Атрактивната Бразилка за првпат дефилираше на ревија на VS во 1999 година, а во 2000 година таа го доби статусот на „ангел.“