Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кендис Сванапул ја покажа феноменалната фигура на шоуто на VS четири месеци по раѓањето на второто дете

Кендис Сванапул ја покажа феноменалната фигура на шоуто на VS четири месеци по раѓањето на второто дете

Минатата година, Кендис Сванапул дефилираше во блажена состојба на шоуто на Victoria’s Secret, а оваа година, на истото шоу ја покажа феноменалната постпородилна фигура.

30-годишната Јужноафриканка се породи на 20 јуни годинава. Само четири и пол месеци по раѓањето на вториот син Ариел, таа гордо зачекори на модната писта како ангел на популарниот бренд за долна облека.

Кендис се појави на ревијата во две изданија.

Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул

Неодамна, на Isntagram таа напиша текст за враќањето во форма по породувањето и им порача на новите мајки да не се фокусираат премногу на надворешниот изглед.

„Многу сум возбудена што повторно се чувствувам силно по добивањето на моите две малечки. Да се чувствувам повторно ‘нормално’ дефинитивно беше процес. Да создадеш човечко суштество е неверојатен процес. Јас сум далеку од совршена и секоја мајка треба да си даде време да се опорави и да не фокусира на надворешниот изглед. Најважно е што ти ЧУВСТВУВАШ дека е важно. Ти си важна.“

„Во најголем дел од времето ние чувствуваме вина ако ги правиме нештата што некогаш сме ги правеле. Понекогаш забораваме да се грижиме за себе... За мене е одлично нешто што мојата работа бара од мене да изгледам претставително, во спротивно, веројатно не би се погледнала во огледало.“

„Не можам да ви објаснам колку сум горда на моето тело и на она што тоа ми го подари. Неверојатна кариера и моите две момчиња. Сега сум подготвена повторно да се појавам пред светот, а овој пат тоа ќе биде за сите мајки кои работат и се грижат за нивните бебиња, бидејќи ние заслужуваме да се чувствуваме убаво и моќно и секси“ – напиша таа.

Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19743 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.