Ријана направи своја верзија на популарната песна „Redemption Song“, која оригинално е испеана од Боб Марли, за да помогне во собирањето на средства за Хаити.
Таа ја изведе новата песна на шоуто на Опра и ја посвети на сите што страдаат како резултат на земјотресот што го опустоши Хаити минатата недела.
Песната е достапна на веб сајтовите на Ријана и Опра и сите средства од преземањето ќе бидат наменети за настраданите.
Ријана со ова им се придружи на многу ѕвезди од светот на музиката и филмот, кои постојано бараат начин да им помогнат на луѓето што во моментов имаат најголема потреба од помош.