Елен Деџенерис ја забавуваше мултимилионската публика на 86-тото доделување на престижните награди Оскар. За време на свечената манифестација беа наградени најдобрите во филмската индустрија за изминатата година.
„12 Years a Slave“ ја доби најпосакуваната статуетка на вечерта. Историската драма режирана од Стив Меквин, која се фокусира на деликатната тема ропство, ги победи „Gravity“, „American Hustle“, „Captain Phillips“, „Dallas Buyers Club“, „Her“, „Nebraska“, „Philomena“ и „The Wolf of Wall Street“ во трката за Најдобар филм.
„Им ја посветувам оваа награда на сите луѓе кои живееле во ропство и оние 21 милион луѓе кои сè уште страдаат во ропство денес“ – рече Меквин на бината.
Според бројот на освоени статуетки, „Gravity“ беше голем победник на овогодишните Оскари. Популарниот филм со Сандра Булок и Џорџ Клуни доби седум награди, меѓу кои наградата Најдобри визуелни ефекти и наградата Најдобар режисер, која заврши во рацете на Алфонсо Куарон.
Метју Меконахи ги победи конкурентите Кристијан Бејл, Леонардо Дикаприо, Брус Дерн и Чуител Еџофор и ја освои наградата Најдобар актер за улогата во „Dallas Buyers Club“. Истиот филм на Џаред Лето му ја донесе наградата Најдобар актер во споредна улога.
Кејт Бланшет очекувано беше прогласена за Најдобра актерка за филмот „Blue Jasmin“, додека Лупита Нионго не можеше да ги задржи солзите додека ја примаше наградата Најдобра актерка во споредна улога за улогата во „12 Years a Slave“.
„Frozen“, новиот филм на Дизни, доби две награди – Најдобар анимиран филм и Најдобра оригинална песна за „Let It Go“.
„The Great Beauty“ е Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, а „Twenty Feet From Stardom“ е Најдобар документарен филм.
Листа на победници
Best Picture: „12 Years a Slave“
Best Director: Alfonso Cuaron – „Gravity“
Best Actor: Matthew McConaughey – „Dallas Buyers Club“
Best Actress: Cate Blanchett – „Blue Jasmine“
Best Supporting Actor: Jared Leto – „Dallas Buyers Club“
Best Supporting Actress: Lupita Nyong'o – „12 Years a Slave“
Best Original Screenplay: Spike Jonze – „Her“
Best Adapted Screenplay: John Ridley – „12 Years a Slave“
Best Animated Feature Film: „Frozen“
Best Foreign Language Film: „The Great Beauty“
Best Documentary - Feature: „Twenty Feet From Stardom“
Best Documentary - Short Subject: „The Lady in Number 6: Music Saved My Life“
Best Live Action Short Film: „Helium“
Best Animated Short Film: „Mr. Hublot“
Best Original Score: „Gravity“
Best Sound Editing: „Gravity“
Best Sound Mixing: „Gravity“
Best Production Design: „The Great Gatsby“
Best Cinematography: „Gravity“
Best Makeup and Hairstyling: „Dallas Buyers Club“
Best Costume Design: „The Great Gatsby“
Best Film Editing: „Gravity“
Best Visual Effects: „Gravity“
Best Original Song: „Let It Go“ – „Frozen“