На Марија Бакалова несомнено ѝ претстои успешна холивудска кариера.
24-годишната актерка од Бугарија, стекна светска слава со улогата во „Borat Subsequent Moviefilm“, за која доби и номинација за Оскар.
На вчерашната церемонија по повод доделувањето на златните статуетки, младата филмска ѕвезда изгледаше како модерна принцеза.
Креацијата која ја носеше Бакалова доаѓа од ателјето на Луј Витон.