Почетна » Новости » Чуден свет » Ултимативно предавство: 3 месеци имала афера со таткото на својот свршеник

Ултимативно предавство: 3 месеци имала афера со таткото на својот свршеник

Исто како од изопачена шпанска серија, Ема Скофилд е виновна за ултимативното предавство. 27-годишната Англичанка три месеци го изневерувала својот свршеник со неговиот татко! Нејзиното јавно признание ја шокираше јавноста и никој не може да негира дека таа заслужува да биде наречена свршеница од кошмарите.

Ема и нејзиното момче Луис Вокер требало да стапат во брак оваа година. Но, додека ги правел плановите за свадбата, Луис не знаел дека Ема крие ужасна тајна.

Во јуни минатата година тие правеле домашна забава во дворот. Ема на фотографиите го гушка Луис, но всушност во главата се обидувала да одлучи со кого да остане – со Луис или со нејзиниот иден свекор.

Дарен, Ема, ЛуисЕма во прегратката на својот свршеник Луис. Лево е таткото на Луис, Дарен.

„Стоењето покрај Луис на таа забава во јуни 2011 беше измачување. Се чувствував како измамник знаејќи дека додека сум прегрната од мојот свршеник јас имам чувства за неговиот татко. Понекогаш лежам в кревет и плачам бидејќи е ужасно тоа што му го причинив, но од друга страна, открив дека е невозможно да ги контролирам чувствата кои ги имав кон неговиот татко“ – пишува DailyMail, цитирајќи ја Ема.

Ема и Луис се запознале во декември 2009 година. Еве ја сторијата раскажана од Ема:

Кога го запознав Луис на божиќна забава, тој беше прекрасен. Ја стави раката на моето колено и рече: „Мислам дека си најубавата девојка на светот и навистина го мислам тоа“. Само неколку моменти подоцна нашите усни се доближија и започнавме да се бакнуваме. По неколку состаноци сфатив дека тој е специјален. Се однесуваше кон мене со почит, секогаш беше совршен џентлемен и нашиот сексуален живот беше фантастичен.

По два месеци започнавме да живееме заедно, а четири месеци подоцна тој ми предложи брак со зборовите: „Сакам да кажеш ДА затоа што никогаш не сум сакал девојка колку што те сакам тебе и сакам да те правам среќна до крајот на животот“. Очите ми се наполнија со солзи и реков ДА.

Една личност којашто ја немав запознато беше таткото на Луис – тој не беше близок со својот татко откако се имаа разделено со неговата мајка. Нашата свршувачка ја гледав како повод за да се зближат. Сметав дека нашата свадба ќе ги зближи.

Ема и ЛуисЕма и Луис

Кога затропавме на неговата врата, Дарен отвори и јас се соочив со маж кој изгледаше десет години помлад од неговите 43 години и беше многу згоден. Нè покани внатре и беше многу шармантен и самоуверен. Веднаш ме привлече, но не сексуално, туку се заљубив во неговиот карактер. По таа средба сите се зближивме и излегувавме заедно да пиеме и во клубови.

Пред една година јас и Луис бевме кај Дарен по едно саботно вечерно излегување. Јас и Дарен бевме пијани, но Луис беше трезен затоа што ако имаше потреба, требаше да се јави на должност на работа.

Бевме таму само пет минути пред Луис да биде повикан. Десет минути подоцна се јави од работа за да ми каже дека некој провалил и дека нема да се врати неколку часа. Му реков дека ќе спијам во слободната соба кај неговиот татко затоа што не сакав да си одам дома сама.

Седнав со Дарен на каучот со чаша вино и ненадејно тој се сврти кон мене и рече: „Не сум те видел некогаш да изгледаш толку привлечно“. Му реков да прекине. Се свртив кон него и ненадејно се бакнавме, но помислив на Луис и го прекинав велејќи му: „Ова не е фер кон Луис“. Тој ми рече: „Во право си“.

Решив дека најправилно е да одам да си легнам во слободната соба. Додека лежев, првичниот наплив на адреналин се претвори во страв. Го сакав Луис, тој беше совршен за мене. Но, длабоко знаев дека ме привлекува Дарен. Го сакав него, а не Луис, и самата помисла на тоа ми ја смрзнуваше крвта. Како би можела тоа да му го признам на Луис?. Тој бакнеж ме натера да сфатам дека сум со погрешна личност.

Дарен се појави во собата и седна на креветот. Емоциите ме надвладеаја и го повлеков кон мене, започнавме да се бакнуваме, а неколку минути подоцна имавме секс.

Дарен и ЕмаДарен и Ема

Во наредните три месеци Ема се среќавала со Дарен кога Луис не бил дома. Во истото време Луис ја планирал нивата венчавка, бидејќи таа не покажувала интерес. Еден ден Ема одлучила дека мора да му кажат на Луис.

Јас и Дарен се сретнавме кај него, а подоцна ни се приклучи и Луис. Знаеше дека нешто не е во ред и праша: „Сè е ОК?“ Ја зедов неговата рака и му реков: „Жалам, но во последниве неколку месеци се гледав со татко ти. Навистина ми се допаѓаш, но не те сакам. Го сакам Дарен.“

Луис се насмеа мислејќи дека е шега. Но, кога му пријдов на Дарен, ја зедов неговата рака и започнав да плачам, Луис се растажи. Му се нафрли на Дарен и започнаа да се тепаат. На крајот Луис замина низ врата врескајќи: „Се надевам дека ќе бидете среќни во пеколот!!!“

Оттогаш Дарен и Ема се во врска и планираат да живеат заедно.

„Дарен се надева дека ќе се смират со Луис. Немаме разговарано по тепачката, но еден ден се надевам дека сите ќе бидеме пријатели повторно“ – изјавила Ема.

Дарен признал дека му е жал што така постапил кон Луис, но дека е среќен со Ема. „Штета е што се случи тоа, не сакав да го повредам Луис, но ја пронајдов Ема и тоа е она што е важно, Луис ќе најде некоја друга, тој изгледа добро и се надевам дека еден ден ќе бидеме пријатели повторно“ – изјавил таткото.

Луис отворено кажал дека е повреден и дека не планира да се смири со татко си додека тој е со Ема. „Го надминувам тоа. Но, сè уште мислам дека е одвратно нешто. Многу сум засрамен. Не знам дали некогаш повторно ќе бидам пријател со татко ми, особено не додека тој е со неа“ – рекол Луис.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.