Агресивен свештеник наиде на најостри критики затоа што се осмели да му удри шлаканица на расплакано бебенце за време на крштевање.
Видеото кое најверојатно е снимено во Франција разлути многу корисници на социјалните мрежи. Во него, крштеваното бебенце започнува да плаче, а свештеното лице брзо станува агресивно и го удира, викајќи му да се смири.
Родителите прво ја следат случката во шок, а потоа му го земаат детенцето од рацете на свештеникот.
Погледнете го видеото:
Многумина го искажаа својот револт на социјалните мрежи, а некои дури и напишаа дека доколку би биле на местото на родителите, немало да можат да се воздржат да не го удрат свештеникот.
Where can I find this priest so I can slap him right back for slapping the baby pic.twitter.com/Tm021ZBAm0
— may (@D0ROG) June 20, 2018