„Сме поминале многу бури, заедно ќе ја пребродиме и оваа... Никогаш не било лесно, но на мака се познаваат јунаците. Ова е химната за хероите на нашето секојдневие“ – со оваа порака започнува видеото со кое Драган Спасов Дац, Александар Митевски и Бојана Скендеровски им се заблагодаруваат на сите лица кои неуморно работат за да се справиме со новиот коронавирус.
Додека триото ја пее популарната „Љуби ме и главата горе“, се менуваат фотографии од хероите во нашата држава.
Песната и ова видео се посветени на хероите на нашето секојдневие:
Докторите и медицинските лица од цела држава, Министерството за здравство, Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и сите здравствени установи, Министерството за внатрешни работи, Армијата, Црвениот крст, Дирекцијата за заштита и спасување, сите волонтери и добронамерници кои секојдневно се во борба против ширењето на корона вирусот. Благодарност до авторите на оваа преубава песна.
Да бидеме заедно и да се придржуваме кон препораките
Драган Спасов Дац, Александар Митевски и Бојана Скендеровски