Андреа Бочели и Аида Гарифулина ги здружија своите моќни гласови за музичката соработка „Ave Maria Pietas“.
Во видеозаписот за песната, 60-годишниот Италијанец и 31-годишната Русинка пеат во црква во Верона додека танцуваат популарниот балетан Сереј Полунин и балерината Франческа Малакарне.
Аида е облечена во бела креација од Зухаир Мурад.
„Ave Maria Pietas“ е дел од новиот албум на Андреа, „Si“.