Андреа Бочели направи неочекувана соработка со Џенифер Лопез. Слепиот оперски пејач и латино дивата снимија нова верзија на хитот „Quizas, quizas, quizas“ од 1947 година.
Дуетот ги изненади фановите на Андреа и Џенифер, бидејќи двајцата музичари имаат сосема различен музички стил.
Слушнете како звучи дуетот кој ќе се најде на новиот албум на Бочели, „Passione“.