Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Андреа Бочели наполни 63 години и сподели фотографии од прославата со сопругата и трите деца

Андреа Бочели наполни 63 години и сподели фотографии од прославата со сопругата и трите деца

Андреа Бочели го прослави 63-тиот роденден покрај своето семејство и мал круг пријатели.

Славниот оперски пејач и неговата сопруга Вероника споделија фотографии од интимната прослава во Форте деи Марми, Тоскана. Андреа позираше покрај саканата, двата сина и ќеркичката.

Андреа Бочели Андреа Бочели Андреа Бочели Андреа Бочели Андреа Бочели Андреа Бочели Андреа Бочели Андреа Бочели

Бочели е роден во Лајатико во Тоскана, Италија. Пред да се роди, докторите ги советувале неговите родители Еди и Алесандро да го абортираат бебето, бидејќи предвиделе дека ќе има некаков хендикеп. Но, неговата мајка одбила, а подоцна таа нејзина одлука го инспирирала Андреа да се бори против абортусот и никогаш да не се откажува.

Непосредно по раѓањето, нему му бил дијагностициран вроден глауком, а целосно ослепел на 12-годишна возраст. Додела играл фудбал како голман, бил удрен со топка во пределот на окото и имал интрацеребрална хеморагија. Докторите не успеале да му го спасат видот.

Во видео на YouTube тој раскажал приказна за млада жена (неговата мајка) која во бременоста била хоспитализирана поради напад на апендицитис.

„Докторите морале да ѝ стават мраз на стомакот, а кога завршил третманот, ѝ предложиле да го абортира детето. Ѝ рекле дека тоа е најдоброто решение, бидејќи бебето ќе се роди со некаков хендикеп. Но, младата храбра жена одлучила да не абортира и детето се роди. Таа жена е мојата мајка, а детето сум јас. Можеби сум пристрасен, но можам да кажам дека тоа беше правилен избор“ – раскажа тој.

Андреа Бочели

Од мали нозе, Бочели имал страст кон музиката. Неговата мајка рекла дека музиката била единственото нешто што му било утеха. Првите лекции по пијано ги имал на 6-годишна возраст, а на 14 години победил на првиот натпревар за пеење со песната „O sole mio“.

Андреа Бочели

Денес тој е еден од најпознатите тенори во светот и е татко на три деца – синовите Амос и Матео, и ќеркичката Вирџинија.

Слушнете ја песната посветена на неговата мајка Еди:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20850 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.