Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Андреа Бочели донираше крвна плазма откако со семејството беше заразен со коронавирус

Андреа Бочели донираше крвна плазма откако со семејството беше заразен со коронавирус

Андреа Бочели досега чуваше во тајност дека со членови на неговото семејство биле заразени со коронавирус, но сите ја пребродиле болеста КОВИД-19 без сериозни симптоми.

61-годишниот оперски пејач беше пресретнат од новинари откако со сопругата Вероника донираше крвна плазма во Универзитетската болница во Пиза, а подоцна сподели дека бил дијагностициран уште во март.

Бочели Бочели Бочели

„Пандемијата која го потресе светот (слабо) ме засегна мене и членови на моето семејство. Од почит кон оние кај кои вирусот имаше посериозни последици, одлучив дека е најдобро да не ја споделувам таа вест. А и не сакав непотребно да ги алармирам моите фанови и сакав да ја зачувам приватноста на моето семејство.“

„Бевме големи среќници што закрепнавме брзо и лесно на крајот на март. Откако ми беше дадена шанса да донирам крв за да помогнам во пронаоѓањето на лек за КОВИД, мојот одговор веднаш беше ДА. Скромен, но фундаментален гест со кој давам мој мал придонес“ - се вели во неговото соопштение.

Бочели Бочели

Бочели презеде значајна улога во ширењето на свеста за болеста со моќниот концерт во празната катедрала во Милано.

Бочели Бочели

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.