Андреа и Матео Бочели настапија заедно на сцената на италијанскиот фестивал „Сан Ремо“.
На првата вечер од престижниот музички настан, 60-годишниот оперски пејач и неговиот 21-годишен син ја изведоа заедничката песна „Fall On Me“ и добија громогласни аплаузи.
Видео
„Му благодарам на Фестивалот ‘Сан Ремо’ за оваа неверојатна вечер. Вистинска чест беше да се настапува на ваква престижна сцена. Се надевам дека уживавте исто колку и јас“ – напиша Матео на Instagram и сподели кратко видео од настапот.
Спотот за „Fall On Me“ беше објавен во септември минатата година, а песната е дел од албумот на Андреа, насловен „Si“.