Џастин Тимберлејк продолжува да ги радува своите фанови со нова музика. 32-годишната ѕвезда ја објави 8-минутната песна „Mirrors“.
Во новата песна Џастин пее за моментот кога сфатил дека одредена личност е вистинската за него. Иако не се знае сигурно, се смета дека песната е напишана за неговата врска со Џесика Бил.
„It was easy coming back to you. Once I figured it out, you were right here all along“ – пее Џастин, најверојатно за својата разделба со Џесика пред свадбата.
„Mirrors“ е дел од новиот албум на Џастин, „The 20/20 Experience“, кој е планирано да биде објавен наредниот месец.